ВИДЕО – Младите бараат драстични промени во општеството за да се стопира масовното иселување

Ниските плати, немањето услови за напредување во кариерата, недоволното почитување и неслушањето на гласот на младите, се едни од главните причини за масовното иселување од Македонија. Ова беа дел од ставовите кои ги иснесоа студентите од Економскиот факултет од Скопје на конференцијата „Младите фактор за лидерство и одржлив економски развој во РМ“, која се одржува во Крушево. Младите бараат драстични промени во општеството за да останат дома.

 

 

 

„Потребни се повисоки плати, бидејќи секој цели кон подобар живот, тоа најчесто го бараат младите во странство и затоа иселувањето е во пораст“, истакна Никола Маџов, студент на Економскиот факултет – Скопје.

 

„Потребни се подобри услови за работа, повисока плата, да може да се успева повеќе во професијата“, кажа Љубица Мирческа, студент на Економски факултет – Скопје.

 

„Да се ценат младите во државава, бидејќи не се ценети, не им се слуша гласот на младите во државава“, вели Илија Зероски, Економски факултет – Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Поради иселувањето стопанствениците веќе започнале да се соочуваат со недостиг од стручна работна сила.

 

„Целта на нашата втора конференција е како преку овие конференции, форуми и настани за младите економисти да се зголеми неформалното образование, да се добијат тие инспиративни начини кај младите кои ќе ги поттикнат да станат лидери. Особено ние се бориме за некои нови оригиинални идеи кои ќе не поттикнат нас младите да бидеме лидери на иднината, а не пензионерите. Младите треба активно да се вклучат во овие настани, активно да учествуваат во сите, форуми и конференции, во сите летни школи каде што ќе го зголемат неформалното образование, каде што ќе добијат инспиративни идеи од нашите предавачи, каде што ќе имаат се поголема самодоверба, каде што ќе имаат се поголем инспиративен чин“, истакна Виктор Блажевски, претседател на студентскиот парламент на Економски факултет од Скопје.

 

„Како да се задржат младите е доста тешко прашање, дефинитивно една од основните работи е да им се даде соодветна плата. Но исто така треба и општеството да создаде подобри услови за квалитетен живот, затоа што честон среќавам луѓе кои што немале проблем со работата или примањата туку си заминуваат од државата поради квалитетот на животот“, потенцираше Абдулезел Догани, генерален извршен директор на „Везе Шари“.

 

„Предолго од процесот на градење на плурализмот дозволивме да се инкорпорира во сите сегменти од нашите животи. На тој начин доколку претходните генерации се носеа со истото младите едноставно имаат право на избор и сметаат дека не треба вака и одат општества каде можат потполно да си ги остварат своите демократски процеси“, изјави Ирена Јакимоска, менаџер и косопственик во „Комфи Ангел“.

 

 

За стопирање на иселувањето потребна била координирана акција на образованието, државата и бизнис секторот.

 

„Македонија мора превзема континуирани чекори да ја стабилизира и креира економијата базирана на знаења и иновации“, додаде проф. Игор Ивановски, Економски факултет – Скопје.

 

Оваа студентска конференција ќе продолжи и во наредните 2 дена.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи