Најдобрите 10 документарни филмови на сите времиња

Критичарите кои оценуваат филмови на интернет страницата „Ротен Томејтос“ составија листа од најдобри документарци на сите времиња.

 

10. „Убиствена топка“ – Murderball (2005)

 

Приказната е за квадриплегичарите кои во ортопедски колички играат рагби и совладуваат неверојатни препреки, со цел да учествуваат на параолимписките игри во Атина.

 

 

9. „Црна риба“ – Blackfish (2013)

 

Тука темата е ловот на китовите убијци и опасностите кои ги носи таквиот живот, како за китовите, така и за луѓето.

 

 

8. „Кула“ – Tower (2016)

 

Анимација, сведоштва и архивски снимки раскажуваат за случувањата од 1 август 1966 година, кога вооружен маж отвори оган од кулата-часовник на Универзитетот во Тексас и уби 16 лица.

 

 

7. „Такси до темната страна“ – Taxi to the Dark Side (2007)

 

Алекс Гибни открива застрашувачки детали за методите при сослушување и мачењето од страна на тајните служби на САД за време на војната во Авганистан.

 

 

6. Вајнер – Weiner (2016)

 

Во овој документарец се раскажува за кампањата на Ентони Вајнер за градоначалник на Њујорк и денешната политичка состојба во градот.

 

 

5. „Последниот валцер“ – The Last Waltz (1978)

 

Документарецот го следи последниот концерт на групата „Бенд”.

 

 

4. „20 Стапки од ѕвездите“ – 20 Feet From Stardom (2013)

 

Приказна за придружните вокали кои живеат точно во сенката на рефлекторите. Гласовите кои ги придружуваат некои од најпознатите светски ѕвезди, живеат во речиси целосна анонимност.

 

 

3. „Животот сам по себе“ – Life Itself (2014)

 

Филм за животот и кариерата на познатиот филмски критичар и општественик Роџер Еберт.

 

 

2. „Човек на жица“ – Man on Wire (2008)

 

Приказна за Филипе Пети и неговото одење по жица меѓу кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк во 1974 година. Овој настан некои луѓе го сметаат за уметничко злосторство на векот.

 

 

1. „Јас не сум твој ’Негро‘“ – I Am Not Your Negro (2017)

 

Сценаристот и писател Џејмс Болдвин ја раскажува приказната од својот недовршен роман „Remember This House” за современото американско општество. Оценка од критичарите: 98/100. Оценка од публиката: 84/100.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи