Мохамед Салах оваа сезона блеска во дресот на Ливерпул, па воопшто не е чудо што со своите партии го привлече вниманието на бројни европски клубови.

 

Шпанските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека Салах е на „радарот“ на Зинедин Зидан и Реал Мадрид. Наводно, од мадридскиот клуб ќе се обидат најпрвин да дојдат до потписот на Хари Кејн од Тотенхем, а доколку не успеат да го ангажираат англискиот напаѓач, тогаш ќе започнат вистинска офанзива по потписот на Салах. Според „El Confidencial“, Ливерпул оствариле таен контакт со „белите“ преку посредници, именувајќи го износот за кој би се разделиле со својата нова ѕвезда: 180 милиони евра.

 

Англиските медиуми тврдат дека доколку од управата на Ливерпул одлучат да го продадат, односно доколку нема да можат да го задржат Египќанецот на „Енфилд“, тогаш ќе се согласат да го продадат по истата цена на Мбапе, односно 180 милиони евра, колку што се договорија ПСЖ и Монако. Според информациите англискиот клуб го информирал Реал дека Салах може да биде продаден, но дека во никој случај не сака да ја намали неговата цена.

 

Мохамед Салах оваа сезона само во англиската Премиер лига има постигнато 24 погодоци и 8 асистенции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien