ВИДЕО – „Krali Marko boulder festival 2018“, Прилеп една од топ 10-те светски дестинации за болдеринг

Покрај големиот број на спортски брендови, кои што опстојуваат во Прилеп, тука е и еден навистина интересен спорт, кој што го нема на многу места во Македонија, а тоа е болдерингот. Болдерингот како спорт почна да се развива како спорт во Прилеп во послните неколку години, а главен виновник за тоа се уиникатните карпи во неговата околина. Токму овој месец од 30 март до 1 април ќе се одржи по 8-ми пат и меѓународниот Крали Марко болдер фестивал. Повеќе околу оваа манифестација поразговаравме со Ристо Белокапоски, тренер во клубот Златоврв од Прилеп, кои што се и организатори на овој навистина уникатен настан и со членовите на овој клуб.

 

 

Г- дине Белокапоски каде ќе се одржува оваа гофина фестивалот, на која локација ?

 

Веќе 8-ми пат по ред се организира овој фестивал. Идејата и целта на овој фестивал е да привлечеме што повеќе качувачи од странство и истовремено да направиме промоција на Прилеп, карпите и секторите околу градот. Оваа година фестивалот ќе биде на класичната локација, под Камена баба. Тука ќе биде организиран импровизиран камп за сите кои што ќе дојдат, во шатори и активностите тука ќе бидат спроведени во последниот викенд од месец март.

 

Од кои држави очекувате да дојдат качувачи и колку вкупно на број?

 

Според досегашните пријави, традиционално ќе бидат присутни качувачи од балканските земји. Покрај нив, пријавени се од Австрија, Италија и Германија.

 

Болдерингот стана актуелен во последно време во Прилеп, откако на еден начин се открија овие уникатни карпи кои што постојат во неговата околина ?

 

Специфичноста на формите, на карпите околу градот го прават уникатен во европски и во светски рамки. Тоа веќе секоја година, 8 години наназад го докажуваме и Прилеп е веќе влезен во топ 10 дестинации за болдер качување.

 

Секоја година можеме се повеќе и повеќе да видиме странци како доаѓаат, не само за овој фестивал, туку и самостојно и се качуваат на локациите на Маркови кули, на Камена баба, на Трескавец, како еден нов терен ?

 

Да, од 2014 година година Трескавец влезе на мапата на места за качување во околината на Прилеп, со отворањето на тој сектор и сега со реновирањето на оваа година, кое се надевам дека ќе заврши на манастирот Трескавец, ќе се комплетира тој локалитет, кој и без тоа самиот по себе е прекрасен и како таков привлекува многу посетители, а овој пат сега ќе почне да привлекува и посетители од спортски тип, значи качувачи по болдери и спортски качувачи.

 

РИСТО БЕЛОКАПОСКИ, ТРЕНЕР НА СКК „ЗЛАТОВРВ“

 

 

 

 

Минатата година имаше една интересна активност, хајлајнот ?

 

На Трескавец, во близина на параглајдинг полетувалиштето се наоѓа локацијата за Хајлајн, односно одење по трака за тие што не знаат. Значи одење по трака, која се поставува на одредена височина и има своја должина. Пред неколку години тука се поставија првите хајлајн линии и веќе секоја година доаѓаат луѓе кои веќе знаат за тоа и се надевам дека оваа есен можно е да се организира и самостоен хајлајн собир.

 

За сите оние кои што не знаат, болдерингот е качување на помали карпи без опрема. Опремата се состои единствено од патики и душеци, кои се ставаат под самата карпа ?

 

Точно, болдерингот, самиот збор значи карпа, со висина до 5-6 метри, кои во околината на Прилеп ги има во изобилие и ги привлекуваат качувачите со специфични движења кои што многу ретко се среќаваат во качувањето со јаже и своевремено од тренинг дисциплина прерасна во самостојна дисциплина. И денеска по меѓународните искачувања, по светски првенства веќе постои како болдер дисциплина.

 

Моментално се наоѓаме покрај една вештачка карпа за болдеринг во гимназијата Мирче Ацев, каде спортско-качувачкиот клуб ги изведува своите тренинзи. Колку време постои овој клуб и оваа карпа и колку членови брои клубот?

 

Клубот е произлезен од планинарското друштво Златоврв. Меѓутоа заради законските обврски моравме да се пререгистрираме и сега сме спортско-качувачки клуб Златоврв. Меѓутоа традицијата на планинарското друштво Златоврв ја негуваме. Ние се регистриравме 2010 година, а на крајот од 2011 ја изградивме оваа болдер вежбална, во која што ги обавуваме тренинзите и во неа обавуваат тренинзи некаде околу 30 спортисти од најразлични возрасти, од 7 па се до 55 години.

 

 

 

Пред извесен период го имавте и државното првенство ?

 

Како клуб ние сме членка на Македонската спортско-качувачка федерација, која што е организатор на државното првенство во спортско качување и кога се однесува на дисциплината болдер ние сме секогаш организатор на еден од натпреварите од лигата во спортско качување, односно болдеринг.

 

Кое место се прилепските болдеристи?

 

Можеби е куриозитет, но ние со најскромни услови последните две години сме државни прваци

 

Кои се вашите планови за иднина, дали ќе се проширувате или планирате изградба можеби на поголем тренинг центар, нормално со помош на општината, на државата, на Агенцијата за млади и спорт?

 

Значи оваа болдер вежбална нашите деца веќе ја надраснаа. Се осеќа огромна потреба од проширување на просторот и создавање на нов простор, во кој што ќе може да се преселиме, да ја преселиме болдер вежбалната и да изградиме сала за качување со јаже, која што бара поголема височина и поголеми димензии. Се надевам дека локалната самоуправа, Агенцијата за млади и спорт и на крајот и државата ќе има поголема свест да изгради таков објект во Прилеп, бидејќи во сите светски центри за качување на природна карпа во населените места околу нив постојат такви сали, во кои што се качуваат на вештачка карпа. Така да и Прилеп треба да влези на таа мапа со своја сала за качување на веѓтачка карпа.

 

 

ДОРОТЕА ИЛИЕСКА, ЧЛЕН НА СКК „ЗЛАТОВРВ“

 

Колку години се занимаваш со овој спорт и што те привлекува?

 

Јас се занимавам скоро една година. Ме привлече тоа што сакам да спортувам нешто и едноставно овој спорт ми е интересен.

 

Како се запозна со овој спорт, преку пријателите, преку други познанства?

 

Па имав другарка од мојот клас, а јас не знаев што да тренирам и таа ми кажа дека ако сакам можеме заедно да одиме во спортскиот клуб за болдеринг и така се запознав.

 

Колку е тежок овој спорт?

 

Па не е многу тежок, само треба да се трудиме.

 

Од што се состојат тренинзите           ?

 

Тренинзите се состојат прво од загревање, потоа правиме склекови и се качуваме.

 

Колку брзо се искачуваш до најгорната точка на оваа карпа?

 

За 8 секунди.

 

Дали имаш учествувано на меѓународни натпревари во текот на оваа една година додека вежбаш?

 

Да, имам на повеќе. Имам освојувано многу нови места. Имаше натпревар во Скопје, Атомска мравка, тоа беше балкански натпревар и освоив петто место. Исто така имаше уште еден натпревар во Скопје, овде имаше повеќе натпревари и освојував трето или второ место.

 

 

 

СТЕФАНИЈА ПЕРКАНОСКА, ЧЛЕН НА СКК „ЗЛАТОВРВ“

 

Вие сте државна репрезентативка на Македонија. Колку време се занимавате со болдерингот и што ве привлече во овој спорт?

 

Скоро 5 години и ме привлекува тоа што е забавен спорт.

 

Колку пати неделно тренираш?

 

Четири дена во неделата.

 

Што е потребно за еден човек да се занимава со болдеринг?

 

Физичка подготвеност за да искачи некоја насока.

 

На колку натпревари досега имаш учествувано, кои места ги имаш освоено?

 

Многу натпревари се. Имам учествувано на повеќе натпревари во Скопје, Штип, Бугарија, Германија, Австрија…

 

Која е твојата идна цел што сакаш да ја постигнеш?

 

Сакам да постигнам да бидам добра искачувачка.

 

 

 

ХРИСТИЈАН ДИМЕСКИ, ЧЛЕН НА СКК „ЗЛАТОВРВ“

 

Колку време се занимаваш со болдеринг и зошто?

 

Јас се занимавам три години и јас сакам да тренирам затоа што е забавен спорт.

 

Кој те насочи на овој спорт?

 

На овој спорт ме насочи мојот другар бидејќи јас сакав многу да се качувам.

 

За колку секунди се искачуваш до највисоката точка?

 

Зависи од насоката.

 

Колку насоки има тука?

 

Тука можеби има 12.

 

Освен во затворен простор, дали имате тренинзи и на отворено и на кои локации?

 

Да, на Камена баба, која што е моја омилена дестиинација.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи