ВИДЕО – Општина Прилеп нема да го гради кружниот тек „Табана“

Градоначалникот на Општина Прилеп, одговарајќи на прашање на советникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека по консултација со стручни лица од техничкиот факултет од Битола и бидејќи сметал дека сега нема потреба од нови задолжувања ја откажал реализацијата на проектот изградба на кружен тек кај „Табана“ на градската река.

 

Јованоски истакна дека освен висината на парите проблем било и тоа што во проектот немало техничко решение за тесното грло кое се појавува од мостот до фурната „Плетварец“.

 

 

Инаку мостот е проект на поранешната локална самоуправа и требаше да се гради со кредит од Светска банка кој чинеше околу 2 милиони евра. Камата според поранешната локална власт во Прилеп требаше да биде многу ниска, а за успешно реализираниот проект Општината требаше да добие 500.000 евра грант од Светска банка.

 

„По едно мое советничко прашање, до каде е состојбата со проектот за изградба на кружен тек и доизградба на улицата „11 Октомври“, односно за кружниот тек на „Табана“, добив писмен одговор од градоначалникот дека овој проект се прекинува по негово барање, по консултација со некои стручни лица. Ова беше проект на локалната самоуправа, за кој се аплицирало во 2016 година. Проектот е одобрен од страна на Светска банка, оценет е како добар и од сегашниот градоначалник, но од не знам кои причини тој решил да го прекине. За ова треба да бидат информирани граѓаните на Општина Прилеп, бидејќи на барање на граѓаните на Општина Прилеп овој проект беше спроведен, беше во завршна фаза, одобрен од Светска банка и сега само требаше да доживее рализација. Ова дефинитивно нема да се случи, по одговорот кој го добивме од градоначалникот на Општина Прилеп, господинот Илија Јованоски. Ова морам да заклучам и од денешното негово излагање за презадолженост на Општината, а се виде од завршната сметка дека не е така, можам слободно да заклучам дека и понатаму ќе биде алиби за неисполнувањето на ветените проекти од предизборниот период, односно за избегнување на реализирање на сите оние проекти кои тој ги вети“, изјави Петар Ристески, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Инаку градоначалникот Јованоски не седеше до крајот на 11-тата седница на Советот на Општина Прилеп и не бевме во можност да му земеме официјална изјава.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи