Левандовски се договорил со Реал Мадрид?!

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски на 30 години ќе ја исполни својата животна желба.

 

Шпанските медиуми тврдат дека неговиот агент Пини Захави ги договорил сите услови за трансфер во Реал Мадрид и тој летово ќе го облече “белиот” дрес на актуелниот европски првак. Левандовски ќе потпише договор на две сезони со можност за продолжување на уште една.

 

Секако како што пишуваат медиумите на Пиринеите за да бде реализиран трансферот согласност мора да даде и Баерн, бидејќи напаѓачот има договор со клубот до 2021 година.

 

Левандовски за неполни четири години во Баерн постигнал 142 гола.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien