Русија ќе протера 23 британски дипломати

Русија ќе протера 23 британски дипломати како одговор на мерките кои Лондон ги презема по труењето на поранешниот советски шпион Срегеј Скрипаљ.

 

Москва исто така ќе го затвори Британскиот совет во Русија и ќе ја повлече дозволата Британија да го отвори Генералниот конзулат во Санкт Петербург.

 

Руското Министерство за надворешни работи денеска го повика британскиот амбасадор во Москва поради зголемениот спор околу нападот со нервен гас на поранешниот шпион, објавија руските државни медиуми.

 

Амбасадорот Лори Бристоу пристигна на разговори во руското Министерство за надворешни работи, пренесеува ТАСС.

 

Претходно Велика Британија нареди да бидат протерани 23 руски дипломати, како дел од мерките да се казни Русија за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија.

 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави вчера дека Русија сигурно ќе протера британски дипломати како одговор на постапката на Лондон, односно прогласувањето на 23 дипломати за непожелни личности.

 

Поранешниот полковник на руската разузнавачка служба Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија на 4 март беа изложени на руски нервен агенс „новичок“ во англискиот град Солзбери. Двајцата се во критична состојба.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien