Во пресрет на посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и средбите со преговарачот Метју Нимиц премиерот Заев вели дека решение за името може да има и со него да се води сметка за идентитетот.
„И мене и на грчкиот премиер треба да ни биде важно како договорт ќе биде прифатен од граѓаните и од институциите на двете земји. Верувам дека може да се направи исчекор, можеби не до крај да се реши, но секако да се приближиме зашто деновите и месеците се трошат, а ние сакаме до летото да го имаме решено овој проблем. Верувам дека тоа сака да го направи и грчката страна“, рече Заев.
Тој најави дека по средбата со Нимиц наверојатно ќе следува и нова лидерска средба.
97