Голема победа на Путин, нов шестгодишен мандат

Facebook
Twitter
Email
Print

Со освоени над 76% од гласовите на претседателските избори во Русија, Владимир Путин доби четврти шестгодишен мандат за челната позиција на најголемата држава во светот.

 

Во период на влошени односи со западните земји, старо-новиот претседател доби поддршка од над 50 милиони гласачи, со што е поставен нов рекорд.

 

„Тоа е апсолутен рекорд во последните неколку избори за претседател на Русија. Во Москва гласовите за Путин се зголемиле од 1,2 на 3,2 милиони, што е за 60 проценти повеќе, отколку на изборите во 2012 година“, соопштија од руската изборна комисија.

 

Зад него останаа кандидатот на Комунистичката партија Павел Грдуињин, а на третото место се пласираше Владимир Жириновски од Либералдемократите.

 

„Гледам признание за сработеното во претходните години кога условите беа сложени. Гледам доверба и надеж дека ќе ја продолжиме интензивната и одговорна работа. Важно е да се обединиме сите, независно од тоа за кој кандидат гласавте. Се соочуваме со тешки задачи и мора да ги решиме не само со вообичаената рутина туку и со постигнување прогрес“, изјави претседателот Путин.

 

Честитки за победата стигнаа од неколку азиски и јужноамерикански земји. Западните лидери резервирани околу новиот триумф на Путин. Тензиите со Европа и со САД се продлабочија по труењето на поранешниот руски шпион Скрипал на британска територија, за кое Лондон ја обвини официјална Москва.

 

Доколку го спроведе мандатот до крај, Путин ќе биде вториот руски претседател со најдолг век на владеење, веднаш зад Јосиф Сталин, кој управуваше со земјата 29 години. Со новиот мандат рускиот претседател ќе управува со државата речиси четврт век, а новиот шест годишен мандат ќе заврши во 2024 година кога ќе има 71 година. Годинашната изборна трка за прв пат ја изоде без прва дама.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи