ВИДЕО – Вработените во „Еурокомпозит“ бараат смена на директорите, во спротивно се закануваат со нов штрајк

Доколку во рок од 48 часа Владата не го смени менаџерскиот тим во Еурокомпозит ние повторно ќе го активираме штрајкот. Ова денеска го изјавија вработените во оваа државна фирма кои потенцираа дека според договорот иако им било ветено Владата не ги сменила директорите. Инаку вработените го ставија штрајкот во мирување после средбата со вицепремиерот Анѓушев на 06.03. каде беше договорено да добијат по една републична просечна плата.

 

 

„И тоа се оствари, ги зедовме тие пари и ни ветија дека ќе биде сменето раководството. Уште за истиот ден ни беше ветено дека ќе биде променето раководството и во наредниве 6 месеци да се решава проблемот. Значи ние си достоивме на нашиот збор, ги зедовме парите, го ставивме штрајкот во мирување и очекувавме дека во тие неколку дена ќе биде сменето раководството. До ден денес раководството уште не е сменето, иако му дадовме рок уште две недели од тогаш. Пробавме неколку пати да контактираме со нив, не ни дадоа никакви конкретни одговори дека ќе биде сменето. Нашиот револт е и за тоа денеска излеговме овде, преку медиумите, да упатиме еден апел до Владата дека доколку не го сменат раководството во наредниве неколку дена, ние ќе постапуваме со несакани последици, повторно ќе излегуваме на штрајкови и протести, сè до промена на раководството“, изјави Роберт Богданоски, претседател на синдиикална организација на „Еурокомпозит“

 

Велат дека бараат смена на раководството затоа што според ниив тие имале направено криминал.

 

„Сакаме да го смениме раководтсвото затоа што имавме сознанија дека има финансиски криминал и истото и господинот Кочо Анѓушев ни го потврди, рече дека има криминал и ќе бидат веднаш сменети. Значи ние не сакаме во овие 6 месеци да продолжиме со истите, бидејќи ни е страв дека повторно ќе ни ги украдат парите“, додаде Богданоски.

 

Богданоски рече и тоа дека добивале и закани од раководството дека ќе бидат избркани од работа оние кои биле најбунтовни за време на штрајкот.

 

 

 

„ Доколку дојде до ситуација некој да гарантира дека токму тоа е причинита поради која компанијата ќе тргне напред, јас сум спремен на таков чекор, тоа е прифатливо“

 

 

Директорот пак Александар Кузески изјави дека него го назначила Владата на Република Македонија и само Владата можела и требало да одлучи за негова промена, доколку требало да дојде до тоа.

 

„Еден од проблемите со кои луѓето се соочуваат и бараат брзо решение на проблемот е и веќе старосната граница која ја достигнуваат, каде што е потребно да се исплатат оние заостанати придонеси, кои со години не им се исплаќани, од 6 месец 2012 година и тие бараат веднаш тоа да се исполни. Исто така бараат исплата и на оние заостанати плати. Според она што го видов јас, што го наследив во компанијата, се забележува дека во месеците кога вработените биле во штрајк, бил постигнат некаков договор со синдикатот за исплата на платите од 70%, што не е по закон. По закон за тие месеци не им следува на луѓето плата, им следува само дел од плата, односно 60% за првите пет дена од штрајкот, а понатаму после тое им следува само исплата на придонесите по минимална основа. Со тоа драстично треба да се намалат побарувањата на вработените. Тоа е една од причините кои јас им ги наметнав на вработените и тие беа малку револтирани и сфатија дека на тој начин им се намалуваат побарувањата, односно не се толкави  колку што реално прикажуваат. Претпоставувам дека една од причините поради кои бараат смена на раководниот тим е таа, но се разбира конечна одлука за тоа носи Владата на РМ. Доколку оставката е нешто што ќе придонесе за да може компанијата понатаму успешно да опстојува и да живее, односно работите да тргнат кон подобро, секако дека тоа е најмал проблем. Тоа воопшто и не треба да се дискутира. Доколку дојде до ситуација некој да гарантира дека токму тоа е причинита поради која компанијата ќе тргне напред, јас сум спремен на таков чекор, тоа е прифатливо“, истакна дииректорот Кузески.

 

Кузески демнатираше дека некој од вработениите добивал закани за отказ, а за обвинувањата за криминално работење и кривичните пријави истакна дека стои зад секоја одлука и зад секој негов потпис.

 

„За сè што е потребно, веќе сме во соработка со соодветните институции и органи од државата и тоа најдобро е да го кажат тие. Сè друго е во рамки на шпекулации и во интерес нечиј за мое лично и професионално оцрнување. Инаку компанијата нема сопствено возило кое можам да го користам, така што мојот превоз е регулиран согласно закон, согласно одлука на бордот на директори и тоа е сè како што треба по процедури“, додаде Кузески.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien