ВИДЕО – Во Прилеп одбележан меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром

Мира Митреска има згрижено две деца, едното со Даунов сииндром, другото со аутизам. По повод меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром таа денеска присуствуваше на приредбата во посебните паралелки во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп. Детето за кое се грижи имало 11 години и вели дека е многу задоволна од односот на наставниците и колку тие се вложуваат во овие деца.

 

 

„Најважно за овие деца е да им се даде љубов, со љубов се се постигнува. Секојдневно обврските се наши, им се кажува се што треба и тие самите потоа прифаќаат. Детето кое го имам згрижено има 11 години, учи 2 одделение, се дружии, започнува да разбира и да пишува се благодарение на наставничките. Децата со Даунов синдром сакаат повеќе да прифатени од другите деца, тие се мили дечиња, а посебно за нив во програмата треба да се земи тоа повеќе да учат не се класично учење, туку преку игра“, вели Мира Митреска, старател на дете со Даунов синдром.

 

Во ООУ „Климент Охридски“ учеле 3 дечиња со Даунов сииндром. Дефектологот Рената Андоноска вели дека најголем акцент во наставната програма се ставал во подобрување на моториката на овие дечиња, но потенцира дека е потребно посебно прилагодување на програмата за овие деца.

 

„Имаме програма по која работиме и секако ние како наставници со оглед на тоа што гии согледуваме нивните способности гледаме да ги прилагодиме програмите на индивидуалните способности на секое дете. Во мојата паралелка се вклучени тие 2 дечиња дневните активности ги прилагодуваме на нивните способности. Програмата бара прилагодување особено во делот на намалување на целите. Конкретно во 3 одделение програмата е обемна бара изучување на ракописни букви, латиница, а овие дечиња едвај ги учат и печатниите букви“, истакна Рената Андоноска, наставник дефектолог.

 

Родителите на дечињата со други посебни потреби истакнаа дека е потребна поголема помош од државата бидејќи средствата кои тие ги добивале биле минимални.

 

„Од државата добиваме 4.300 денари, тоа се многу малку пари. Само лекарствата кои ги купуваме чинат повеќе од оваа сума. Ние со сопругот сме двајцата вработени, тој работи скратено работно време заради детето, а јас на цело“, вели Даниела Христоска, родител на дете со посебни потреби.

 

Денеска во одбележувањето на овој ден во ООУ „Климент Охридски“ се приклучи и детската амбасада „За сите деца во светот“

 

„Во нашето училиште посебните паралелки организираа една изложба на творби на учениците со Даунов синдром, благодарение на детската амбасада, овие творби ќе бидат продадени симболично, а средствата ќе се наменат за учениците со посебни потреби во нашата установа“, изјави Зоран Сребреноски, в.д. директор во ООУ „Климент Охридски“.

 

„Овој ден е посветен на овие дечиња со Даунов синдром заедно со координаторите од сите основни училишта во овој град детска амбасада „За сите деца во светот“ изработуваат творби, а денес нивните другарчиња ќе ги купат, а средствата ќе бидат наменети за нивни потреби“, кажа Александра Северкоска Стојаноски, детска амбасада „За сите деца во светот“.

 

Настанот го посетија и членови на Советот на Општина Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien