Законот за употреба на јазиците влезе во рокот на „џебното вето“

Законот за јазиците веќе влезе во „џебот“ на Претседателот Иванов. Вчера поминаа 7 дена од денот на неговото донесување, рок кој експертите го ставаа како рамка во која Претседателот Ѓорѓе Иванов е должен да го потпише указот.

Законот за јазиците беше донесен на 14 март со гласовите на 64 пратеници и во процедура со која, според опозицијата, правните експерти, па дури и дипломатите во земјава, беа прекршени и Уставот и Деловникот на Собранието. Веднаш по изгласувањето на Законот, Иванов во обраќање до граѓаните рече дека ваков закон никогаш нема да потпише, токму поради кршењето на Уставот и Деловникот.

 

Претседателот Иванов има уставна обврска да го потпише Законот, но не и рок во кој треба да го стори тоа. Неговиот молк или популарно нареченото „џебно вето“ може да го држи законското решение во ваква фаза до бесконечност.

 

До сега во македонската пракса имало еден обид на ваков начин да се протурка законско решение, но Уставниот суд го поништил.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien