Денеска во спортската сала на гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп се одржа вториот ден од заедничките тренинзи на џудо клубовите „Бушидо“, „Сеишен“, „Кожувчанка“ и „Ипон“. Организатори на овој настан е џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп. Во текот на овие два дена на тренизните учествуваа над 150 џудисти и тоа во категориите : кадети, постари и помлади пионери.
Според тренерот на Бушидо, Рубин Пеески, иницијативата за овој настан била покрај ривалството со клубовите, исто така младите да се запознаат и да се дружат со цел покрај дружбата да разменат и свои искуства и знаења. Вакви тренинзи било потребно да се има се почесто, да се дружат децата и да собираат знаења и искуство за понатаму да се борат на европските и меѓународните купови.
321