ВИДЕО – Со грант од 100.000 евра Општина Прилеп ќе го заштитува и доуредува комплексот Маркови кули

Со грант кој го доделува ЕУ Општина Прилеп ќе го заштитува и доуредува комплексот Маркови кули. Овие средства се доделени како дел од програмата за подобрување со управувањето со заштите подрачја, вредна 4 милиони евра, кои ќе бидат распределени 17 апликанти, општини и граѓански здруженија. Проектот ќе го реализира УНДП.

 

Денес на Марковите Кули се развива болдерингот, параглајдингот, пешачењето, планинскиот ултра маратон и другiте видови на туризам. Токму поради огромниот број на посетители значајно е да се заштити ова подрачје, со воспостување на систем на заштита и мониторинг и други инфраструктурни зафати за подобра пристапност.

 

Со овој проект грантови до 400.000 евра ќе добијат и националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, Охридско, Преспанско и Дојранско езеро, Јасен и Матка.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien