Германски и израелски авион се судрија на аеродромот кај Тел Авив

Авион на германската авиокомпанија „Германиа“ боинг 737 пред полетување се судри со израелски авион на Ел Ал на меѓународниот аеродром Бен Гурион кај Тел Авив.

 

Патниците безбедно излегле од двата авиони и немало повредени, соопшти израелската аеродромска управа.

 

Веднаш е отворена истрага за овој инцидент, а авионите нема да летаат додека таа не биде завршена.

 

Авионот на Ел Ал требало да лета за Рим, а германскиот авион до Берлин. Се проценува дека оштетувањето на двата авиони е големо.

 

Постои сомнеж дека лицето одговорно за инцидентот е возачот на шлеперот што го водел авионот на германската компанија од терминалот кон пистата, објавија израелските медиуми.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien