Повторно приведени дел од обвинетите за настаните од 27 април

Facebook
Twitter
Email
Print

По еден ден дома, петмина обвинети за собраниските настани од 27-ми април, синоќа повторно уапсени и пренесени во Истражниот затвор во Шуто Оризари. Заработија 30-дневен притвор.

 

30 дневен притвор им е одреден на екс министерот за внатрешни работи  Митко Чавков  како и уште четири други лица поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

 

Во сооштението се наведуваат одредбите од кривичниот законик. Постоела опасност од бегство и страв од попречување на кривичната постапка и влијание на сведоци. Против решението, уапсените имаат право на жалба до скопска Апелација, 24 часа по приемот на решението.

 

Адвокатите на обвинетите очекуваат во текот на денот да го добијат решението, по што ќе се произнесат за жалба. Дел од бранителите велат дека ова е евидентно непочитување на одлуката на Врховниот суд за ослободување на лицата од притвор.

 

„Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници. Партискиот суд и обвинителството на Заев повторно решија да ги приведуваат пред очите на нивните семејства“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Одлуката на Кривичниот суд уследи само еден ден по одлуката на Врховниот суд по жалбите на осомничените, со која на дел од нив затворскиот им беше заменет со куќен притвор, а куќниот со мерки на претпазливост.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи