Леброн: Колку и да соборувам рекорди, се знае кој е најдобриот кошаркар на сите времиња – Мајкл Џордан

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, синоќа изедначи еден од најимпресивните рекорди во историјата на спортот што го постави легендарниот Мајкл Џордан.

 

Џејмс на 866-тиот натпревар по ред постигна најмалку 10 поени.

 

На натпреварот против Шарлот Хорнетс, екипа што всушнот сега е во сопственост на Џордан, Џејмс постигна 41 поен, со што ги предводеше Кливленд Кавалирс до победа од 118:105.

 

„Среќен сум што 866 натпревари во низа успеав да ги завршам со двоцифрен број на поени. Тоа кажува дека мојата форма е константна. Сè додека моето име се споменува со она на Џордан, тогаш значи дека мојата напорна работа се исплати и посакувам така да биде и во иднина. Но, колку и да соборувам рекорди се знае кој е најдобриот кошаркар на сите времиња – Мајкл Џордан“, вели Леброн.

 

Џордан ја водеше неговата низа од 1986 до 2001 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи