ВИДЕО – Теодора Ристеска од џудо клубот Бушидо ќе учествува на Европскиот куп во Романија

Прилепчанката Теодора Ристеска во мај ќе учествува на Европскиот џудо куп во категоријата кадети 48 кг, кој ќе се одржи во Романија. Ристеска веќе 3 години интензивно тренира џудо и вели дека уште од мали нозе ги сака боречките вештини. Досега има учествувано на повеќе меѓународни и државни турнири и се надева дека ќе се врати со медал од овој куп. Ристеска беше дел и од заедничкиот тренинг кој вчера по втор патѕ го имаат џудо клубовите Бушидо, Сеишиин и Ипон од Скопје.

 

 

„Боречките вештини ги сакам од мала и затоа се запишав на џудо. Во овие 3 години досега имам учествувано на многу меѓународни ии државни натпревари, а сега интензивно се подготвувам за Европскиот куп кој ќе се одржи во мај во Романија. Неделно имаме по 4 напорни тренинзи, а овие заеднички тренинзи со другите клубови многу помагаат за стекнување на нови искуства“, истакна Теодора Ристеска, член на џудо клуб Бушидо.

 

Инаку ова е за прв пат некој член на џудо клубот Бушидо да се натпреварува на Европски куп. Ова е голем успех за клубот кој во последните неколку месеци имаше одлични резултати ан меѓународните првенства од каде се врати со 10-тина медали.

 

„За прв пат излегуваме како клуб на Европски куп кој е далеку посилен натпревар за разлика од меѓународните и државните турнири и натпревари. Таму се собираат најдобрите џудисти од цела Европа и ги покажуваат своите знаења. Со припремите на Теодора започнавме од почетокот на 2018 година, имаме посебни тренинзи и се надевам дека за прв пат на Прилеп ќе му донесема една медаља од Европски куп“, изјави Рубин Пеески, тренер на џудо клуб Бушидо.

 

Од Бушидо велат дека освен Ристеска за брзо време планираат уште двајца членови на овој клуб да учествуваат на Европските купови.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien