Џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп се врати со 3 бронзени медали од турнирот во Ниш каде учествуваа над 300 натпреварувачи од Бугарија, Србија , Црна Гора, Романија и Македонија. Меѓународниот турнир „МЛАДОСТ ЕВРОПЕ“ беше во организација на Џудо Клубот „Шогун“ од Ниш.
Бушидо учествуваше на турнирот со 4-ица учесници.
Освен Бушидо учествуваа и други 3 клубови од Македонија со 20 џудисти пионери.
Медали освои и џудо клубот Сеишин од Прилеп кој зеде учество само во женска конкуренција при што освоени се два медели (1 златен и 1 бронзен). Помлади пионерки: Теодора Тасеска 1-во место, Леона Настоска 3-то место.
145