ВИДЕО – Јане Ченто утринава повторно приведен и вратен во Шутка

Утринава околу 8.30 часот полицијата го привела прилепчанецот Јане Ченто, инаку правнук на Методија Андонов Ченто, кој беше осомничен за случувањата во Собранието на Р. Македонија на 27 април. Ченто е приведен од својот дом на улицата „Цане Коњарец“ во Прилеп каде беше до домашен притвор. Неговиот татко, вели дека Ченто бил повторно вратен во затворот во Шутка бидејќи според полицијата тој не се придржувал на условите дадени за сместување во куќен притвор, за што пак тој тврди дека не било точно. Обвинува за политички монтиран процес.

 

 

„Утринава во 8.30 пристигна полицијата за да провери дали мојот син е тука, проверија тука беше, потоа дојдоа иинспектори и тие ни кажаа дека се дојдени повторно да го притворат во Шутка, наводно не се придржувал на препораките од судот. Меѓутоа ние имаме снимки дека тој не е излезен од тука и ќе ги молам да докажат како се известени тие дека тој го напуштил домот. Наводно бил излезен на 30 март од 11.10 до 11.40 часот. Гарантирам дека мојот син беше дома, имаме и камери, може да се вратат камерите, да се види каде бил тој. Имаме отворена порта да видат дали бил тука или не. Ова е политички процес, монтиран, исто како на неговиот прадедо, но ние не се предаваме и ќе издржиме за Македонија“, вели Коле Спиркоски, татко на Јане Ченто.

 

Инаку Јане Ченто беше приведен лани на 29 ноевмри, а веќе околу месец и половина е во куќен притвор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien