Бејли: Постои реална можност Македонија набргу да стане членка на НАТО

Facebook
Twitter
Email
Print

Постои чувство на реална можност Македонија да ѝ се приклучи на Алијансата, нема непремостливи пречки, истакна американскиот амбасадор Џес Бејли на трибина со наслов „НАТО и ти“ во организација на Mинистерството за одбрана, а по повод Денот на НАТО.

 

Во рамките на трибината Бејли посочи дека таа се разликува од претходните дискусии зашто сега може да се каже дека постои реална можност Македонија набргу да стане членка на НАТО и рече дека се цени учеството на Македонија во мисиите на алијансата. Според него, зачленувањето на Македонија во НАТО, ќе помогне во надминување на внатрешните политички поделби во земјата.

 

„Системските реформи што се воведуваат во Македонија не смеат да останат само на хартија, туку треба и да  се имплементираат“, истакна Бејли.

 

На панел-дискусијата говорници беа министерката за одбрана и потпретседател на Владата Радмила Шекеринска, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорите на САД и на Хрватска Џес Бејли и Даниела Баришиќ, капетанот Горазд Бартол, шеф на Канцеларија за врски на НАТО во Скопје, а модератор беше Илија Џугуманов, проект – директор во АТА–Македонија.

 

Во чест на 69-тиот роденден на Алијансата, на централниот плоштад во Скопје, АРМ подготви свеченост на која граѓаните се запознаа со гардата , Воениот оркестар, армиските специјалци и нивните боречки вештини, дел од оклопните возила на АРМ, како и хеликоптери на АРМ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи