ВМРО-ДПМНЕ ја подготви интерпелацијата за Владата

Facebook
Twitter
Email
Print

ВМРО-ДПМНЕ в сабота ќе ја поднесе интерпелацијата за работата на Владата, а во вторник пратениците од опозициската партија ќе се вратат на собраниските седници, велат од партијата.

 

Економски неуспеси, неисполнети ветувања, селективна правда и корупција – ова според интерпелацијата што пратениcите на ВМРО-ДПМНЕ ја потпишаа денска, ќе бидат главните аргументи со кои како што велат ќе го разобличат штетното владеење на Зоран Заев и неговиот кабинет по нецела година, но и ќе се обидат да ги убедат колегите од законодавниот дом, да дадат поддршка.

 

Според нефоцијалните информации од ВМРО-ДПМНЕ, интерпелацијата ќе биде составена од два дела. Во првиот дел се сите ветени, а неоставарени ветувања на СДСМ и Заев за првите шест месеци од владеењето. Вториот дел ќе биде анализа, на како што велат од опозициската партија, промашените владини политики  почнувајќи од даночната, па се до надворешната политика.

 

Дискусијата за интерпелацијата трае еден ден, а се гласа на полноќ, без оглед дали има пријавени дискутанти кои не стигнале да добијат збор, а за да помине потребно е да се добијат најмалку 61 глас за недоверба на Владата.

 

По оваа седница пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат редовно да присуствуваат на седниците.

 

Интерпелацијата ја најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски, според кого, ако се враќа опозицијата во Парламентот, ќе се врати на голема врата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи