Државниот архив ќе добие нова зграда

Facebook
Twitter
Email
Print

Изградба на нов објект и реконструкција на покривот на постојната зграда е владиниот план за решавање на проблемот со протекувањето на Државниот архив. Надлежните признаваат дека ќе се потрошат повеќе пари ама сметаат дека е тоа единствено решение. Во наменската зграда се вселува Јавното обвинителство, а барокната зграда на кеј ќе се реновира.

 

„Владата има свесност дека тоа ќе биде поскапо одошто враќањето назад, но нема да биде како градба. Имајќи го во предвид значењето на сите институции особено на архивскиот материјал, најдобра одлука беше да се гради нов“, изјави Зорица Апостолска – Министер без ресор.

 

Засега не се знае колку ќе чини изградбата на новиот објект, каде ќе се наоѓа ниту кога ќе биде готов. Нема предвиден буџет и за најавените поправки на постојната зграда. Од Владата велат дека тоа ќе го утврдел директорот на архивот.

 

Според надлежните, протекувањето нема уништено документи во депото на зградата покрај Вардар. Додаваат оти голем дел од архивскиот материјал е се уште во старото депо, иако објектот ќе го користи Обвинителството за организиран криминал.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи