ВИДЕО – Членките од здружението на жени „Преродба“ од Прилеп ги вапсаа јајцата на Велики Четврток

Жените од здружението на жени „Преродба“ од Прилеп традиционално како и секоја година на Велики Четврток ги вапсаа јајцата за големиот христијански празник Велигден. Според обичајот домаќинките прво вапсуваат три јајца, уште пред изгрејсонце, кои домаќинките ги ставаат на црвена подлога, на прозорец за да ги огрее првиот сончев зрак. Едно било за пред Иконата, друго за имотот, а третото за Господ. Прилеп има навистина посебни обичаи кога доаѓаат овие предвелигденски денови. Луѓето нив ги одбележуваат на доста уникатен начин.

 

 

„Утрото дечињата кога ќе станата јајцата се веќе вапсани и ние со јајцето триејќи го нивното лице им викаме „Здраво, живо, бело дебело“, а потоа вечерта кога ќе се капат го ставаме јајцето во таа вода“, вели Паре Макалоска, член на здружение „Преродба“.

 

„Посебните адети за Прилеп се тоа што за овој празниик мора да се купи нешто ново за облекување, ако не на нас возрасните, ама за дечињата мора да иима нова облека“, истакна Митра Петкоска, член на здружение „Преродба“.

 

Членките на здружениеито преродба велат дека целта на овие празнувања била пред се зачувување на традицијата.

 

„Сакаме да се зачува традицијата, но колку од тоа ќе успееме, останува на младите“, Лилјана Ѓорѓиеска, претседател на здружение „Преродба“.

 

Од МПЦ во велигденското послание упатијата порака дека за жал иако поминале над 2.000 години откако Христос го проповедал Евангелието и љубовта нашата црква од неразбирливии причини сеуште не е призната.

 

„Бараме да не признаат дека сме тоа што сме биле, чеда на своја вековна црква, во која исповедаме и живееме според верата на апостолите“, изјави протоереј ставрофор Благоја Станкоски, архиерејскиот намесник.

 

Инаку според православната црква на Велики Четврток, за време на Тајната вечера Христос ја воспоставува Светата евхаристија, односно причествувањето, исто така на Велики Четврток тој е предаден од страна на Јуда. Утре е пак е Велики Петок кога верниците ги посетуваат црквите за да се поклонат на Плаштеницата на која е насликано положеното тело на Христос.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien