Временска прогноза за велигденскиот продолжен викенд

Променливо време најавуваат метеоролозите за велигденскиот продолжен викенд кој не чека на крајот на оваа недела.

 

Веќе во петок доаѓа посвежо време. Температурите ќе се спуштат под 15 степени, а цел ден се очекува да биде дождлив.

 

Во сабота настапува разведрување и раст на температурите. Повремено ќе има облачност, а температурите ќе се движат нешто под 20 степени.

 

Во недела времето ќе биде ведро, а температурите ќе се искачат над 20 степени.

 

Слично време ќе имаме цела наредна недела  до почетокот на викендот кога постепено ќе следи наоблачување.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien