Заев: Реконструкција на Владата до крајот на април

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

До крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата, најави денеска од Штип премиерот Зоран Заев. Прашан дали министерското место за правда ќе остане за кадар на ДУИ, Заев со одговор дека преговорите за тоа прашање се во тек.

 

„Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место – министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија“, рече Заев.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video