Десеттина американски дипломати и нивните семејства кои беа протерани од Русија, денеска со три автобуси заминаа од амбасадата на САД во Москва.
Истовремено официјален Кремељ одлучи да го затвори американскиот конзулат во Сан Петерсбург.
Русија претходно соопшти дека ќе протера 60 американски дипломати како одговор на протерувањето нејзини дипломати од САД.
Таквиот чекор на Русија е одговор на протерувањето на истиот број на руски дипломати од САД и затворање на конзулатот во Сиетл. САД, земји членки на ЕУ и НАТО протераа руски дипломати како резултат на труењето со нервен гас на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во британскиот град Салсбери.
113