ВИДЕО – Три од топ 10-те менаџерки во Македонија се од Прилеп

Од топ 10-те менаџерки во Македонија за 2017 година според Агенцијата Марили 3 се од Прилеп. Сите три имаат различна приказна, и различен рецепт за успешно менаџирање. Ирена Јакимоска е косопствениик и менаџер во Комфи Ангел. Вели дека жените биле подеднакво биле прифатени во бизнис заедницата исто како и припадниците на посилниот пол. Сепак смета дека се потребни повеќе жени на клучни позициии во Македонија. За жал за да бидеш успешен менаџер Јакимоска вели дека било потребно голема жртва на приватниот живот, а дава и неколку совети.

 

 

„Тие се трите мерки кои секој деловен човек, независно дали е припадник на посилниот или понежниот пол треба да ги поседува. Првата е прагматичност. Втората е секогаш околу себе да имате поквалитетни и поуспешнии луѓе од вас, до кого што може да научите и третата е чеснот, а јас би додала уште една а тоа е работа, работа и само работа“, истакна Ирена Јакимоска, менаџер на Комфи Ангел.

 

ИРЕНА ЈАКИМОСКА, КОСОПСТВЕНИК И МЕНАЏЕР ВО „КОМФИ АНГЕЛ“

 

Јана Јанеска Ристески е претседател на уметничкиот совет и член на извршниот одбор на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп. За жал работи од дома, бидејќи во моментов Центарот, институција која постои повеќе од 60 години, нема канцеларии. Еден од најголемите проблеми во културата било тоа што нема проценители за уметнички дела, нешто што им претставува проблем на уметниците кога ги продавата делата во странство.

 

„Менацер во културата во Македонија е тешпко да се биде, но не е и неизводливо. Мора да се проба и мора да се почне. Зошто го спојувам со бизнисот ? Културата мора да се спои со бизнисот за да бизнисот слушне за културата и за вистинските вредности и за да бизнисот почне да ја поддржува културата и она што навистина вреди и останува позади нас“, потенциираше Јана Јанеска Ристески, претседател на уметничкиот совет и член на извршниот одбор на ЦСЛУ Прилеп.

 

ЈАНА ЈАНЕСКА РИСТЕСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УМЕТНИЧКИ СОВЕТ И ЧЛЕН НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА ЦСЛУ – ПРИЛЕП

 

Наташа Стојковска, директор на набавка и логистика во Витаминка, смета дека кај нас нема доволно жена менаџерки, а како главен виновник за тоа гледа на нашиот менталитет и размислувања дека жената пред се мора да биде домаќинка и мајка, а дури потоа да работи. Ова признание за неа претставувало поттиик за понатамошен успех.

 

„Рецепт за успешна жена менаџер не постои, нема. Сметам дека успешна жена е онаа која што ќе може да ги усогласи како приватниите така и деловните обврски во еден работен ден. Ако се успее да се најде баланс помеѓу приватното и службеното време, тогаш таа жена за мене е успешна“, изјави Наташа Стојковска, директор на набавка и логистика во Витаминка.

 

НАТАША СТОЈКОВСКА, ДИРЕКТОР НА НАБАВКА И ЛОГИСТИКА ВО „ВИТАМИНКА“

 

Јакимоска, Стојковска и Јанеска Ристески им порачуваат на сите припаднички на понежниот пол никогаш да не се откажуваат од своите соништа и секогаш да се трудат да ја остварат својата цел во животот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien