„Десет дена Крушевска Република“ избрана за проект од национален интерес во културата за 2018

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерството за култура ја прогласи манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ за проект од национален интерес во културата во 2018 година.

 

Изборот го вршат надворешни комисии ангажирани од Министерството за култура кои после прегледот на сите поднесени проекти, ја одбрале „Десет дена Крушевска Република“ за манифестација од национален интерес за 2018 година.

 

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски порача дека ова е уште една потврда за поддршката што централната власт ја дава на Крушево.

 

„Уште еднаш видовме дека централната власт силно стои зад Општина Крушево и она што го работиме. Оваа поддршка мораме максимално да ја искористиме и очекувам во иднина истата да се зголемува“, изјави Градоначалникот Христоски.

 

Претходно, за одржување на манифестацијата, Министерството оддели 500.000 денари за одржување на овогодинешното издание.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video