Џафери: Напаѓачите извикуваа дека сите ќе бидеме убиени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во судницата препозна пет лица кои учествувале во насилствата во Парламентот на 27 април минатата година.

 

Тој ги препозна Стојан Павлевски, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Ошаковски. Џафери посочи дека тие меѓу првите влегле во прес-центарот на Собранието на Република Македонија и ги нападнале пратениците.

 

Претходно, Џафери кој денеска во Кривичниот суд сведочеше за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април рече дека лицата кои насилно влегле во Собранието и собранискиот прес-центар се заканувале дека ќе ги убијат сите и оти никој нема излезе.

 

„Ќе ве убиеме сите, нема да излезете од овде. Ја продадовте државата“, извикувала толпата која на 27 април, минатата година влезе во Собранието

 

Одговарајќи на прашања на обвинителот Дарко Јакимовски, Џафери рече дека за да го заштитат, пратениците направиле кордон. Меѓу оние кои застанале пред него биле и Зоран Заев, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и други.

 

Тој појасни дека му рекол на Села да стои позади и да не се поместува. Помислил дека обезбедувањето го извлекло надвор од салата пред некој од напаѓачите да извика: „Со Села завршивме, сега редот е на вас“.

 

Џафери бил евакуиран од собраниското обезбедување и однесен во касарната во Ѓорче Петров. Од таму, според неговото сведочење, бил да го посети Села во болница, а потоа заминал дома.

 

Од сведочењето на Џафери може да се заклучи дека тој не ги видел напаѓачите на Села, но ја опиша целосната слика. На дополнителни прашања на обвинителот рече дека во Собранието имало луѓе со фантоми и дека тие ги предводеле останатите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video