ВМРО-ДПМНЕ : Наместо просечна плата од 30.000 ден. СДС ги покачи давачките на земјоделците за 30.000 ден.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Власта предводена од СДС продолжува со своето расипничко владеење на грбот на обичните граѓани. По покачувањето на водата, наместо како што беше ветено истата да се намали за 20%, сега се удри по џебот на пазарџиите и ситните земјоделци. Истакнаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Нашите сограѓани кои со мака произведуваат земјоделски производи, за истите да ги продадат како би го прехраниле своето семејство, СДС ги доведува до работ на егзистенција со покачувањето на давачките за дозвола за користење на тезга или продажба од камион. Досега земјоделците плаќаа по 500 денари месечен надомест за користење на тезга, а сега по 3.000 денари. Од 500 денари, покачување на 3.000 денари месечно, или покачување за 500%. Со ова зголемување од 2.500 денари месечно на земјоделците им се одземаат 30.000 денари. Наместо просечна плата од 30.000 денари, СДС им ги покачи давачките на земјоделците за 30.000 денари.

 

Продажбата на земјоделски производи од камион, за што досега се плаќаше по 5.000 денари за сите категории на камиони, по скандалозната одлука на советниците на СДС е покачена на 7.000 денари за камиони од ткн. втора категорија, и фантастични 10.000 денари за камиони од ткн. прва категорија, или зголемување на давачките за 100%. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгради дисперзирани пазари во Точила, Марино мало и кај театарот е за подобар живот на граѓаните, а вие наместо да го одржувате удривте по  џебот на чесните земјоделци.

 

Го повикуваме градоначалникот Илија Јованоски да излезе и да ја објасни ваквата одлука на советниците од СДС. Ние и граѓаните прашуваме зошто ваквото покачување не беше дел од вашата програма. Дали и уште колку вакви покачувања планирате да ги спроведете, а пред избори не ги обелоденивте. Ваквата измама на граѓаните нема да помине неказнето, а незадоволството е се поголемо. Излезете меѓу народот и објаснете им ги ваквите одлуки, со кои им го земате чесно заработениот леб на земјоделците.

 

ВМРО-ДПМНЕ ја нарекувавте земјоделска партија бидејќи се грижеше за земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за земјоделците, а така ќе биде и по враќањето на власт. Деновите на оваа ненародна власт се избројани, но последиците од штетните одлуки ќе бидат долгорочни“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video