Во авионската несреќа во Алжир загинаа 257 лица

Во Алжир се урна воен авион, во близина на воената база Боуфарик. Во несреќата загинаа 257 лица, од кои повеќето војници и членови на нивните семејства.

 

Несреќата се случила во околу 3 часот утринава по локално време, а според локалните медиуми урнатиот авион е произведен од руската авионска компанија Иљушин.

 

Авионот паднал на фарма во близина на автопат кратко време по полетувањето, на 50 километри јужно од главниот град Алжир, објави телевизијата „Ал-Хадас“.

 

Најверојатно причина за несреќата е лошото време во областа, со оглед на тоа што во моментот на несреќата дувал силен ветер и имало интензивни врнежи од дожд. Сепак, причината дополнително ќе се испитува.

 

Пред четири години во Алжир се случи слична несреќа, кога се урна воен авион во кој се наоѓаа војници и нивни семејства. Тогаш загинаа 77 луѓе.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien