Русија: Ќе ги пресретнеме сите ракети над Сирија и ќе ги уништиме позициите од каде се истрелани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Рускиот амбасадор во Либан, во изјава за телевизијата ал-Манар, рече дека евентуални ракетни напади врз Сирија ќе предизвикаат сериозна ескалација на состојбата бидејќи, како што рече амбасадорот Александер Засипкин, руските сили на теренот не само што ќе го пресретнат секој испален проектил, туку и ќе пукаат врз платформите од кадешто ќе се лансираат тие проектили. Засипкин додаде дека неговата изјава е усогласена со ставовите на претседателот на Руската федерација, Владимир Путин и највисокото раководство во Москва, пренесува Индепендент.

 

Да потсетиме, ситуацијата на Блискиот исток е крајно тензична откако американските власти најавија одмазда после хемискиот напад против цивилното население за кој што тврдат дека го извел режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

 

Русите категорично тврдат дека воопшто и немало таков хемиски напад и преку својот амбасадор во Обединетите нации се заканија дека Соединетите Американски Држави ќе се соочат со „тешки последици“ доколку американската армија одлучи да ги нападне позициите на сириската армија каде што голема е веројатноста да се наоѓаат и руски војници.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video