Трамп ја предупреди Русија за ракетен напад врз Сирија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По изјавата на рускиот амбасадор во Либан, дека сите ракети на Сирија ќе бидат пресретнати и дека позициите од кои тие се истрелани исто така ќе бидат уништени се огласи претседателот на САД, Доналд Трамп.

 

Трамп преку својот Твитер профил истакна дека Русија треба да биде подготвена, затоа што ракетите се на пат кон Сирија и дека тие се нови, убави и „паметни“.

 

„Не треба да бидете во сојуз со некој што ги убива своите луѓе со гас и ужива во тоа“, напиша Трамп на неговиот Твитер профил.

 

Русија одговори дека американските проектили треба да бидат насочени кон „терористите“, а не кон „легитимната Влада“ на Сирија. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков денес изјави дека сите страни инволвирани во Сирија треба да се воздржат од активности, кои можат да го дестабилизираат регионот.

 

Ситуацијата во Сирија стана уште повеќе алармантна, по наводниот хемиски напад во источна Гута, изминатиов викенд. Сириско-американското медицинско здружение соопшти дека повеќе од 500 луѓе биле пронајдени со симптоми “индикативни за изложеност на хемиски агенс”, а во средата Светската здравствена организација побара пристап до областа за да ги потврди извештаите од своите партнери дека 70 лица починале.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи