ВИДЕО – Македонија и Босна и Херцеговина ќе формираат бизнис клуб

Македонија и Босна и Херцеговина ќе формираат бизнис клуб чија цел ќе биде зголемување на економската соработка на двете земји. Ова денеска беше соопштено на средбата на амбасадорката на БиХ, Лепа Бабиќ, со претставнци на Регионалната стопанска комора во Прилеп.

 

 

„Она што во овој момент е многу значајно е дека само во текот на 2017 година за 10% е зголемена трговската размена, кога се во прашање БиХ и РМ. Идејата која денес е прифатена од страна на комората во Прилеп, а покрената е од страна на сопственикот на Тиквеш, Алкалоид и други, со кои веќе имавме разговори и за нас е многу важно да го отвориме тој бизнис клуб, кој би овозможил многу подирекна комуникација и би се решавале проблеми, а нормално и амбасадите би зеле свое учество. Тоа што веќе го имаме и веќе функционира да го унапредиме, но исто така во некои други области да пробаме да направиме многу поголема соработка. Не е само во прашање увоз и извоз, овде се во прашање договори меѓу РМ и БиХ за соработка, да се испитаат и едниот и другиот пазар и да видиме каде може да направиме поконкретна соработка, преку изведба на одредени проекти кои би биле насочени кон ЕУ“, истакна Лепа Бабиќ, амбасадор на БиХ во Македониија.

 

Трговската размена во овој момент со БиХ изнесувала 157 милиони евра на годишно ниво, од кои околу 50% биле извоз, а скоро ист бил и увозот.

 

„Денеска во Стопанската комора имавме посета од амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп. Се разговараше на теми од стопанството, каде што во присуств о на претставници од компании од прилепскиот регион се разви една добра дискусија за соработката меѓу македонските  и босанско-херцеговачите фирми, проблемите што ги имаат и решавање на истите. Се донесе заклучок и идеjа за формирање на бизнис клуб, каде што стопанствениците многу полесно и побрзо би ги претставувале своите проблеми и нормално би ги решавале истите, со поддршка на амбасадорите, кои се еден вид претставници на самите фирми“, рече Горан Попоски, извршен директор на Регионална Стопанска комора Прилеп.

 

„После состанокот во Стопанската комора во нашиот град, заедно со претставниците од нашиот град, со амбасадорот на БиХ и управниот одбор на Стопанската комора, моето задоволство е уште поголемо, затоа што покрај општествено-политичкиот дел што треба да го направиме како Општина Прилеп е и културниот дел кој што се договоривме да биде во наредниот период. Моето задоволство како што кажав е уште поголемо затоа што и стопанскиот дел нема да изостане и ова е основа за понатамошното делување со источниот дел на Сараево, со кој треба да се збратимиме во наредниот период“, Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Стопанствениците очекуваат во иднина зголемување на профитот.

 

„Скоро сите што се произнесоа имаат соработка  и извоз во БиХ. И ние како текстилна компанија имаме добра соработка. Ние како нови призводители на детска облека, од 2010 година, извезуваме во Бих. Минатата година имавме застој од економски причини, меѓутоа се надевам дека контактите постојат се уште за да се продолжи извозот, имаме добар производ кој трпи голема конкуренција од кинески и турски производи. Тоа е и една од причините за застојот на извозот. Не се тука во прашање поволности, туку блиските врски и брзината на воспоставување на контакти со нашите и босанските стопанственици“, рече Благоја Конески, бизнисмен.

 

„После средбата со амбасадорката на БиХ и идејата за формирање на бизнис клуб во Скопје, ќе ни овозможи да стапиме во директен контакт со повеќе бизнис компании од Босна со кои претходно се обидувавме да воспоставиме контакт, но не успеавме, и сметам дека тој клуб би ни помогнал нас како компанија да влеземе на босанскиот пазар со нашите добро препознатливи производи и сметам дека со квалитетот што го поседуваме како компанија ќе бидеме успешни на босанскиот пазар и ќе го зголемиме и прометот и продажбата и нормално профитот како компанија“, кажа Филип Велески, менаџер за продажба во текстилна компанија.

 

За брзо време помеѓу БиХ и Македонија ќе се потпишел и договор во областа на туризмот, кој веќе бил подготвен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи