Собранието ѝ даде доверба на Владата

Facebook
Twitter
Email
Print

По дебата исполнета со критики, обвинувања и препукувања, со 40 гласа “за”, 2 “воздржани” и 62 “против”, Владата на премиерот Зоран Заев го мина првиот посериозен тест на домашната политичка сцена.

 

Барањето за гласање на доверба на Владата беше поднесено во неделата со потписи на 41 пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во образложението, на неколку страни, беа наведени обвинувања за криминал и корупција, партизирана државна администрација и судство, отпуштања, неуспешна економска политика и нетранспарентност во во процесот на преговорите околу спорот со името. Спикерот Џафери ја закажа седницата на истекот од законскиот рок од 72 часа како што налага собранискиот Деловник.

 

 

Со интерпелацијата за владата, опозицијата се врати во Собранието по пет месечен бојкот. Партијата на Христијан Мицкоски го напушти Собранието по апсењето на нивните пратеници кои се осомничени за крвавите настани на 27 април во Собранието.

 

Според законските прописи, премиерот Заев сега го очекуваат мирни 100 дена бидејќи во овој период не смее да се поднесе ново барање за гласање на доверба а откако ќе истече тој рок можност за тоа ќе имаат само пратениците од владеачкото мнозинство со оглед на тоа дека опозицијата ја искористи својата шанса.

 

Ова беше четврто гласање на доверба на Влада во историјата на независна Македонија

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи