Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја, ги повика САД и нивните сојузници да се воздржат од воена акција против Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје.
Тој истакна дека „итен приоритет е да се спречи опасноста од војна“.
Запрашан дали мисли на војна меѓу САД и Русија, Небензја за новинарите изјави дека Русија „за жал, не може да исклучи ниедна опција“.
Ги видовме пораките што доаѓаат од Вашингтон, тие се многу воинствени. САД знаат дека во Сирија се распоредени руски сили. Опасноста од ескалација е поголема отколку кога станува збор за самата Сирија, бидејќи нашата армија е таму… Затоа ситуацијата е многу опасна“, предупреди Небензја.
Тој вели дека е незамисливо Американците да нападнат цели во Сирија на кои се распоредени руски трупи. Амбасадаорот се надева дека во Сирија нема да дојде до точка од која нема враќање назад.
Небензиа, исто така, побара од Советот за безбедност на ОН да се состане повторно во петок на разговори околу можноста за западна воена акција.