Државно изборно првенство во борењe во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прилеп денеска беше домаќин на државнотоизборно првенство во борење за млади до 20 години. За престижните титули се натпреваруваа 60 учесници од цела Македонија. Првенството го отвори градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, при тоа истакнувајќи ја поддршката на Општина Прилеп за активниот спорт.

 

„Денеска присуствуваме на Државното првенство во борење во младинска конкуренција. Денееска се натпреваруваат околу 60-тина млади борачи од 15 клубови во државата. Победниците ќе бидат членови на државната репрезентација во борење и нè претставуваат на европското и светското првенство во борење. Во оваа прилика сакам да истакнам дека Општина Прилеп и јас како градоначалник, секогаш сме поддршка на спортот“, рече градоначалникот Јованоски.

 

Според организаторите, борењето како спорт напредува и дава видливи резултати.

 

„Борењето како спорт напредува со големи чекори. Ние имаме квалитетни млади борачи во кои треба да вложуваме, а со тоа паралелно,  треба да вложуваме и во соодветен кадар“, истакна Марјан Лазаров, претседател на судиската комисија.

 

 

Членовите на боречкиот клуб „7 Мај- Леов“ од Прилеп се горди што повторно ја добиваат довербата од Федерацијата на боречки спортови од Македонија, да бидат домаќини и технички организатори на овој настан.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи