Сведоштво на девојче од Дума: Фрлија буре што шуштеше, потоа нè полеваа со вода

Би-Би-Си објави сведоштво на седумгодишната Маса, која го преживеала наводниот напад со хемиско оружје во Дума, Сирија. Малата Маса сведочи како изгледало криењето во подруми, a потоа и бегството од местото на нападот.

 

„Бевме во подрум, Дума беше под удар. Одеднаш фрлија буре бомба, но таа не експлодираше. Се слушна само “шшшш“. Рекоа ’одете горе, одете горе’. Отидовме на последниот кат и јас паднав на подот, не можев да станам. Мојата мајка потоа викна, мојот чичко ме зеде во раце и ме однесе горе. Дојдоа и доктори, кои ја носеа сестра ми и мене. Не доведоа до првата медицинска станица и не полија со вода, ни дадоа инјекции“, изјавила Маса за Би-Би-Си.

 

Снимката на која се наоѓа девојчето пред недела дена го обиколи целиот свет. На неа Маса и многу други деца кои ги поливаат со вода откако е извршен наводниот хемиски напад.

 

 

Како што изјави, отишле да спијат, а гранатирањето и понатаму траело.

 

„Бевме прекриени со прашина. Се вративме во подрумот, почувствувавме мирис на крв“, изјавила таа.

 

Потсетуваме, нападот се случи пред една недела во Дума, а оттогаш траат тензиите меѓу Западот од една страна и Сирија и Русија од друга.

 

Како одговор на нападот, САД заедно со Велика Британија и Франција ја бомбардираа Сирија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien