ВИДЕО – Интензивни подготовки на Теодора Ристеска од Џ.К. „Бушидо“ за Европскиот куп во Романија

Прилепчанката Теодора Ристеска од џудо клубот „Бушидо“ интензивно, со секојдневни тренинзи се подготвува за Европскиот џудо куп во категоријата кадети 48 кг, кој ќе се одржи на 5-ти и 6-ти во Романија. Ристеска џудо тренира 3 години, а боречките вештини ги сакала од мали нозе. Тренерот Рубин Пеески, вели дека ова е прв настап на некој член од „Бушидо“ на Европски куп.

 

 

„Интензивни се подготовките за Европскиот куп кој ќе се одржи на 5-ти и 6-ти мај во Романија. Тоа ќе биде прв настап на некој наш член на Европски куп. Пред се сакам да се заблагодарам на помошта на нашите спонзори кои ни го овозможија овој настап, исто така на Општина Прилеп која несебично ни помогна добро да работиме, а би се заблагодарил и на клубовите кои ни помогнаа со заедничките тренинзи, а кои беа по моја иницијатива, на селекторот на македонската џудо репрезентација, до тренерите на 12-те клубови кои застанаа зад нашиот такмичар и кои помогнаа во нејзините подготовки како техничко-тактички така кондициони и психички“, вели Рубин Пеески тренер на џудо клуб „Бушидо“.

 

Досега Ристеска има учествувано на повеќе меѓународни и државни турнири и се надева дека ќе се врати со медал од овој куп.

 

„Моментално тренинзите ги сведуваме на едно и скокаме еден левел би рекол затоа што одиме на техничко-тактички тренинг, она што го работевме сега, имаме кондиционен тренинг, а имаме и тренинг за зајакнување на мускулната маса. А мора да се работи и на оној психолошки дел на нашииот натпреварувач“, додава Пеески.

 

За овие подготовки Ристеска била ослободена и од училиште.

 

„Би се заблагодарил и на целиот клуб затоа што направив овој клуб да биде една голема фамилија, каде секој член поединечно и помага на Теодора за да успее во Романија. Би се заблагодарил и на сите оние кои го сакаат џудото и работат за да успеат оние млади луѓе. Инаку Теодора овој месец активно се спрема, би се заблагодарил и на СОУ „Ристе Ристескии – Ричко“ и директорката која дозволи овој месец активно да се спрема и да не оди на училиште“, истакна Пеески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien