Гледачите на СП во Русија во живо ќе може да ја гледаат ВАР-анализата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Гледачите на стадионите во Русија за време на Светското првенство, кое почнува на 15 јуни ќе имаат можност во живо на големите екрани да ја гледаат ВАР-анализата на спорните моменти.

 

Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука неодамна дека се воведува видео-технологијата (ВАР) како дополнителна помош за судиите на претстојниот Мундијал, а на семинарот кој се одржува во Фиренца беше обелоденето дека гледачите ќе мора да ја видат до детал анализата поради која е донесена одредена одлука за спорниот момент.

 

„Нормално, свесни сме за важноста на комуникацијата и внатре, но и надвор од стадионот. Ќе ги прикажеме сите графики и успорените снимки за било која спорна ситуација на големите екрани на стадионот“, рече Себастијан Рунге, задолжен за иновациите во ФИФА на семинарот во Фиренца.

 

Тој објасни како е сплопен целиот проект за да може фудбалската јавност да ги види деталите од спорниот момент.

 

„Целата комуникација на мечевите на СП во Русија ќе биде испратена на еден човек во т.н. Соба за анализа на видеа. Таа личност ќе има увид во сите случувања и треба да види сè што судијата гледа, а ќе ја слуша и целата комуникација на главниот арбитар со помошниците. Тој човек ќе треба да овозможи релевантни информации што е можно порано и до коментаторите и до луѓето одговорни за екраните на стадионите. Толкувањето на спорниот момент исто така ќе може да се види и на интернет-страницата на ФИФА, на апликациите на ФИФА, како и на ТВ-екраните низ преносите низ светот“, додаде Рунге.

 

Снимката нема да биде прикажана истиот момент кога судијата ја прегледува ,туку нешто подоцна.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video