Мигуел Диаз Канел ќе биде новиот претседател на Куба

Мигуел Дијаз-Канел е новиот претседател на Куба и наследник на Раул Кастро, братот на долгогодишниот претседател на оваа земја, Фидел Кастро. За прв пат по 60 години оваа земја нема да ја води член на фамилијата Кастро.

 

Дијаз-Канел е единствениот кандидат за наследник на Раул Кастро, а него го избра Националниот совет на Куба, управуван од Комунистичката партија на оваа земја. Неговиот најголем предизвик ќе биде да ја предводи транзицијата на Куба со помош на еднопартискиот систем кој беше создаден од браќата Кастро.

 

Сепак, 86-годишниот Раул Кастро ќе остане најмоќниот човек во Куба бидејќи и понатаму останува на чело на Комунистичката партија, која според уставот на оваа земја е „супериорна движечка сила на општеството и државата“. Неговото заминување од претседателската функција е само симболичен момент за Куба, која е навикната член на семејството Кастро да биде најмоќниот државјанин на оваа земја.

 

Номинацијата треба да биде одобрена од Кубанското национално собрание, кое ги одобрува номинациите. Диаз-Канел е либерален социјалист и важи за прифатлив наследник на постарите лидери кои се бореа во револуцијата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien