Могерини: Се вративте на старите патеки, време е да почнеме да трчаме заедно

На денешното обраќање на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини пред законодавниот дом, во Собранието присуствуваше целиот државен политички, воен и верски врв.

Могерини порача дека за неа е особена чест што има прилика да се обрати во домот на демократијата.

 

„Се вративте на патот и ова е добро, ова е место каде што треба да бидете, назад на патот со јасна, позитивна и неусловена препорака за отварање на преговори“, порача Могерини на пратениците.

 

Таа, како и вчера, потсети каде Македонија била пред една година а каде е денес.

 

„Бидете горди на позитивната препорака и што се вративте на патот кај што треба да бидете. Не заборавајте како се гради единство, особено по политичката криза која сега е надмината. Гледам нација со голема самодоверба, обединето мултиетничко општество кое сака да биде дел од ЕУ“, рече Могерини.

Според неа, ова е достигнување на Владата, опозицијата, институциите, парламентот, сите политички партии, граѓанскиот сектор, локалните власти и одлучноста на граѓаните на Македонија. Сите заедно имаат одговорност да ги ратификуваат националните интереси, националните приритети кои што се во меѓувреме приоритети на сите граѓани без разлика на нивната политичка определба.

 

„Колективно заедно во демократските институции имате одговорност да ги идентификувате националните интереси и приоритети на сите граѓани. Имате колективна одговорност во институциите да соработувате и да постигнете резултати. Не постои ризик да загубите нешто освен капацитетот, да постигнете резултати. Она што го завршивте беше импресивно, за реформите особено, ова е најсилниот знак на зрелост и мило ми е што опозицијата се врати во парламентот и драго ми е што денес се обраќам на сите во парламентот“, нагласи таа.

 

Могерини ја истакна и, според неа, импресивната заложба на Владата во решавање на билатералните прашања со соседите.

 

„Успеавте да ги затворите билатералните прашања со Бугарија, сметам дека ова е историски чекор напред а ова се само првите иницијални добри резултати во билатералната соработка која во исто време подразбира инвестиции и подобра економија“, изјави таа, потсетувајќи ги пратениците да не заборават како се гради единство и преживување на една длабока политичка криза.

 

Таа изрази уверување дека разговорите со Грција ќе доведат до решение, кое ќе ги задоволи двете страни и дека тоа ќе прерасне во основа за идна обединетост на европскиот континент. Повика Македонија да се движи брзо кон ЕУ и да инвестира во единство, демократските институции и во младите, односно во нивните аспирации и желби да се приклучат кон ЕУ.

 

Како што рече Могерини, Македонија ја очекува следно ниво од видео играта, односно спроведување на реформите.

 

„Уверена сум дека ваквата енергиија и посветеност ќе продолжи да носи резултати. Импресивната работа не се должи само на чекорите во внатрешните реформи во земја туку и на билатераните прашања и динамикате. Имајте го јасно пред себе патот што се трасираше, бидете горди на позитивната препорака и на тоа што се вративте на правиот пат. Не заборавајте како се гради единство по преживувањето на една длабока политичка криза. Денес овде во Скипје, гледам обединето мултиетничо општество со цел да биде дел од ЕУ, да бидат дел од силна земја која ќе биде дом за сите. Уверена сум дека разговорите со Грција ќе доведат до решение за двете страни и дека ова ќе прерасне в основа за идна обединетост на европскиот континент. Инвестирајте во вашето единство, во талентот на младите луѓе, во нивните аспирации да се приклучат кон европската заедница. Време е да почнеме да трчаме заедно, да трчате еден со друг со вашите соседи и верувам дека ќе стигнете многу далеку“ рече Могерини по што доби аплауз од присутните во парламентот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien