ВИДЕО – Се чисти Дабнички канал

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Започна чистењето на Дабнички канал од кај касарната Мирче Ацев па се до влезот во населбата Тризла 2, во должина од околу 800 метри. Градоначалниикот Јованоски изјави дека каналот бесплатно го чистела компанијата „Алфа Омега“. И во претходниите години неколку пати беше чистен овој канал, но несовесните граѓани постојано го полена со ѓубре и смет.

 

 

„Ова е особено важна активност за населбата Тризла 2 каде имаше доста проблеми со поплави во минатото. Апелирам до граѓаните на населбата да внимаваат за понатаму за да водат сметка околу сметот и ѓубрето“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

Жителите пак побараа некој да биде задолжен да го чувал каналот од фрлање на ѓубре.

 

„Бараме да се постават некои луѓе кои ќе бидат надлежни за каналот бидејќи постојано се фрла и ние не можеме да се расправаме со луѓето“, вели Иса Алиоски.

 

Жителите побараа и тампонирање на улицата до каналот, а добија ветување дека тоа ќе било направено до крајот на оваа година.

 

„Страшно е тука кога ќе има вода, се случува и децата да паднат во реката, барем да се затвори овој канал. Исто така улицата е катастрофа такси не доаѓа, ниту пак брз помош. Досега сме барале со години, но не ни помогнаа“, рече Рушитоска Шенас, жител на населба Тризла.

 

Чистењето на каналот ќе продолжи и во наредните денови.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи