Вулкан во Јапонија еруптираше по 250 години мирување

Во Јапонија проработе вулкан кој не беше активен цели 250 години, а властите поради тоа забранија пристап до зоната околу планината.

 

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека ова е прва ерупција на овој вулкан уште од 1768 година, а дека од кратерот излегуваат чад и пепел.

 

Вулканот е дел од планинскиот ланец Киришима на јужниот јапонски остров Кјушу. Метеоролошката агенција ја прошири забранетата зона која досега беше само околу вулканскиот кратер, и сега како забранета зона се смета целата планина.

 

Според известувањата на официјалните лица експлозиите денеска накратко престанале но граѓаните на околните градови сепак беа предупредени на можното паѓање на вулкански камења и пепел.

 

Во март оваа година уште еден вулкан кој се наоѓа во близина на овој се активираше по пауза од седум години.

 

Јапонија се наоѓа во пацифичкиот огнен круг и има преку 110 активни вулкани.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien