Претседателската лимузина подготвена за Путин

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Новата луксузна руска државна лимузина успешно ги помина тстовите и наскоро ќе го угости својот најважен патник, претседателот на Руската федерација.

 

Идејата беше претседателот да има свое посебно возило, но напоредно да биде развиена и линија за другите високи државни службеници, во која ќе влезат специјализирани возила, миниванови и SUV автомобили. Дел од производството на овие возила би биле достапни и на слободниот пазар.

 

По бројните тестови, Кортеж ќе биде подготвен за сериско производство подоцна оваа година, потврди рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров. Тој за руските вести изјави дека седанот на Путин бил подложен на серија на краш тестови, а резултатите биле „позитивни“.

 

Точниот датум на промоција не е објавен, а претходно имаше шпекулации дека ова може да се случи на 7 мај, за време на претседателската инаугурација на Путин.

 

Како и да, Мантуров се надева дека рускиот претседател наскоро ќе почне да ја користи новата лимузина.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи