ВИДЕО – Прилеп се гуши во над 10 диви депонии, од Комуналец ги обвинуваат инспекторите

Прилеп се гуши во сметот и непријатната миризна од над 10 диви депонии кои ги има во скоро секоја населба од градот. Несовесните граѓани, како и градежните компании секојдневно расфрлаат илјадници метри кубни ѓубре колку сакаат и каде сакаат, без да бидат санкционирани од надлежните органи. Од ЈКП „Комуналец“ за оваа катастрофална состојба ги обвинуваат инспекторите.

 

 

„Комуналец веќе неколку дена работи на расчистување на оваа дива депонија која се наоѓа на влезот од Прилеп. Од четвртокот нашата градежна механизација се присутни тука и се надеваме дека за 2-3 дена таа ќе биде средена. Но битката со дивите депонии ќе ја добиеме тогаш кога градежните компании и граѓаните ќе бидат наши сојузници, а не наши непријатели како во случајов. Апелирам и ги повикувам сите граѓани и градеќни фирми дека вратите на депонијата во Алинци се ширум отворени за секој оној кој има градежен шут или отпад бесплатно може да го носи и депонира таму“, вели Ѕвонко Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“.

 

Според Јованоски инспекторите досега немале напишано ниту една казна.

 

„Не е во наша надлежност ние да ги утврдуваме казните, казни има утврдено но како што досега сме запознати не веруваме дека е казнета некоја фирма. Ако имало казни досега изречено, а казните се високи, тогаш ќе се запреше со оваа појава. Затоа како што реков апелирам до инспекциските служби и органи да си ја земат работата во свои раце и да започнат да ги санкционираат и да ги дисциплинираат несовесните граѓани“, додаде Јованоски.

 

Граѓаните стравуваат дека наскоро со доаѓањето на летото може да се појават и разни заразни болести од овие депонии. Доколку уште утре не се започне со казнување на несовесните граѓани и фирми полека во секој дел на Прилеп ќе никне по една ваква дива депонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien