Ерменскиот премиер Сарксјан поднесе оставка по масовните протести

Поради масовните протести во главниот град, ерменскиот премиер Серж Сарксјан денеска поднесе оставка.

 

„Последен пат ви се обраќам како лидер на државата. Никол Пашинјан беше во право, а јас грешев. Постојат неколку можни опции во оваа ситуација, но јас нема да ги преземам“, рече Сарксјан во обраќањето до нацијата. „Се повлекувам од функцијата.“

 

Протестите против изборот на Саркисијан почнаа на 13 април бидејќи беше избран за премиер откако му заврши максималниот рок од два мандата како шеф на државата. Додека парламентот гласаше, на улиците почнаа митинзи против Сарксјан во кои тој се обвинуваше за узурпирање моќта во земјата.

 

Водачите на протестот, пратениците Никол Пашинјан, Арарат Мирзојан и Сасун Микаелјан, вчера беа уапсени во полициската акција на митингот, а владата се закануваше дека ќе им го одземе имунитетот и дека ќе поднесе обвинение против нив, но денеска дојде до пресврт.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien