Караџиќ бара слобода, обвинителите – доживотен затвор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Воениот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ денеска ќе поднесе жалба за неговата 40-годишна затворска казна пред судиите на Обединетите нации во Хаг. Тој тврди дека неговата пресуда треба да биде поништена поради правни грешки и бара ново судење.

 

72-годишниот Караџиќ беше осуден во 2016 година за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во поранешна Југославија, вклучително и масакрот во Сребреница во 1995 година.

 

Повеќе од 100.000 луѓе беа убиени, а околу 2.2 милиони други беа принудени да ги напуштат своите домови за време на босанската војна во периодот 1992-1995 година.

 

И обвинителите, исто така, се жалат на 40-годишната затворска казна, барајќи да се зголеми на доживотен затвор. Одлуката се очекува до крајот на годината.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video