ВИДЕО – Родителите на децата со посебни потреби од Прилеп бараат итно отворање на дневен центар

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Родителите на децата со посебни потреби од Прилеп бараат итно отворање на дневен центар, каде ќе има вработен стручен кадар. Сандра Михајлоска е самохран родител кој има две деца. Со тага раскажува дека животот и е премногу тежок, неможе да работи бидејќи мора да седи дома и да го чува едното дете.

 

 

„Не сум вработена, немам ниту еден ден работен стаж, бидејќи по цел ден сум со детето. Не пребирам работа, неможам да најдам никаква работа, само да ми е детето згрижено во тие 8 часа“, вели Сандра Михајлоска, родител на дете со посебни потреби.

 

Доколку би имало ваков Центар каде децата ќе престојуваат по 8 часови во текот на денот тогаш голем број родители ќе имаат можност да работат, а децата да се социјализираат.  Здружението „Порака“ во Прилеп сега функционира само како социјален клуб.

 

„Би сакала овој клуб да прерасне во дневен центар каде нашите деца би можеле секој ден да се дружат, да работат, да имаат некои активности и со тоа би се помогнало и на родителите“, кажа Емилија Котеска, родител на дете со посебни потреби.

 

Центар би го посетувале над 100 деца со посебни потреби кои имаат над 18 години. Родителите бараат државата да вработи и стручни лица.

 

„Немаме доволно простор, немаме доволно кадар, моментално се грижиме ние родителите како волонтери. Без стручен кадар нема да можеме да го постигнеме тоа што го сакаме со нашите деца“, додава Раде Аљакоски, претседател на здружение „Порака“.

 

На здружението „Порака“ од Општина Прилеп денеска им доделија уште две простории на користење во старата општинска зграда, но и ова е само привремено решение бидејќи овој објект предвидено е да се урива.

 

„Се надевам дека наредната година тој центар ќе го направиме, да не биде сега ова кажано паушално, мислам дека тогаш ќе се создадат услови за овој центар“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Инаку во Прилеп во текот на оваа година предвидено е да се отвори дневен центар за лица заболени од церебрална парализа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video